Основна мисија на Месната индустрија БИЛЈАНОВИ е преку пласман на производи со врвен квалитет да се задоволат преференциите на потрошувачите.
Основна визија е брендот БИЛЈАНОВИ да стане пошта препознатлив по врвниот квалитет на месните производи.

  1. Портфолио
    Месната индустрија БИЛЈАНОВИ ДОО е основана во 2012 година од семејството со најстара месарска традиција во Струга започната од Коста Билјан во втората половина на XIX век.
    Основна дејност на Месната индустрија Билјанови е преработка и конзервирање на месо, односно производство на полутрајни и свежи меснати производи. Во производната програма на Месната индустрија БИЛЈАНОВИ има преку 50 производи, како чадени месни производи, барени колбаси, виршли, салами, како и свежи и маринирани месни производи, од свинско, јунешко и пилешко месо. Во состав на месната индустрија е и Месарата БИЛЈАН, во која покрај готовите производи, се продава и свежо месо.
  2. Интерес за вклученост во проектот
    Предностите кои ги нудат овие обуки би биле од исклучителна важност за градење капацитетите и вештините на вработените. Аплицирањето и имплементирањето на резултатите од меѓународните ЕУ проекти позитивно влијаат не само за вклученоста на поедини компании, но и за вклученоста на македонската бизнис заедница, воопшто во европските текови и настани. Значаен предизвик за учество во проектот е и големото искуство и подготвеноста на партнерот во проектот CEIPIEMONTE S.C.P.A – Торино, Италија да организира размена на искуства и склучување на партнерства помеѓу македонски и италијански компании. Имајќи во предвид дека Италија е земја со високо развиена месна индустрија, воспоставувањето на контакт со италијанска компанија за размена на know-how е од особено значење.
  3. Очекувања/Идни планови за развој
    Месната индустрија БИЛЈАНОВИ планира во наредниот период да ја интензивира својата проектна активност во насока на модернизација и воведување на нови производи.

Месната индустрија БИЛЈАНОВИ – Струга, по покана од Regional Rural Development Standing Group (SWG RRD), учествуваше на работилница посветена на јавните повици за ИПАРД II во земјите од Балканот и Турција. На работилницата која се одржа од 10-12 aприл, во Беќиќи, Црна Гора, учествуваа претставници од Европската Комисија, како и претставници од министерствата за земјоделство и платежните агенции од Балканските земји и Турција.

БИЛЈАНОВИ ги презентираа своите искуства од успешно реализираните два ИПАРД проекти за технолошка модернизација преку набавка на нова опрема. За нив, финансиската поддршка добиена преку ИПАРД програмата претставува одличен инструмент за подобрување на конкурентноста. Иако процедурите за аплицирање се мошне комплексни, од БИЛЈАНОВИ изјавуваат дека тоа за нив е предизвик и затоа самостојно ги спроведуваат процесот на аплицирање, како и активностите за реализација и мониторинг на проектите.

Презентацијата на БИЛЈАНОВИ предизвика голем интерес кај сите што резултираше во бројни коментари и прашања за дискусија.

Славе Билјан, управителот на Месната индустрија БИЛЈАНОВИ Струга, истакнувајќи ги позитивностите од користењето на финансиската поддршка од ИПАРД фондовите, вели дека стојат на располагање за споделување на своите искуства со сите заинтересирани субјекти од нашиот регион.

Превземено од StrugaOnline