ПРВ НАТПРЕВАР И ДВЕ НАГРАДИ

Месната индустрија Билјанови - Струга, по покана од HERD програмата финансирана од Норвешката влада, во периодот од 19-23 октомври во Подгорица, Црна Гора, учествуваше на регионалниот натпревар за квалитет на чадени месни производи – чаден бут и чадена печеница.

Во силна конкуренција од производители од сите земји на Западен Балкан, месната индустрија Билјанови – Струга освои две престижни награди: II (второ) место за чадениот бут и III (трето) место за чадената печеница.

Овие награди многу ни значат, особено поради фактот што ова е наше прво претставување од ваков тип. Стручната комисија составена од врвни меѓународни експерти даде високи позитивни оценки за квалитетот на нашите производи, за што истите беа и соодветно наградени. Наградите се потврда за стореното, но и обврска и поттик за понатамошна уште понапорна работа! Следењето на најновите технолошки достигнувања во функција на перманентно подобрување на квалитетот на нашите производи е императив на нашето работење! Потрошувачите го заслужуваат најдоброто, а тимот на БИЛЈАНОВИ го може тоа!
- истакнува Славе Билјан, генералниот директор на месната индустрија Билјанови - Струга.