БИЛЈАНОВИ СЕ ЗАКИТИ СО УШТЕ ЕДНА НАГРАДА – управителот СЛАВЕ БИЛЈАН ја доби наградата Business Elite „40 UNDER 40“

Наградата Business Elite е дел од Global Top Brands Awards кои поаѓаат од идејата за препознавање на најуспешните бизнис луѓе од целиот свет и нивно поврзување со цел да им се овозможи дополнително проширување на нивните бизниси. Наградата Business Elite’s „40 under 40“ се доделува за извонредни постигнувања на 40 претприемачи и менаџери од Југоисточна Европа кои се на возраст до 40 години.

По номинацијата од страна на организаторот, управителот Славе Билјан беше избран за еден од 40-тите млади претприемачи од Југоисточна Европа и ја доби оваа престижна награда.

“Овие награди не’ поттикнуваат да работиме и да се справиме со стресното бизнис секојдневие, како и да постигнеме нови работни успеси. Им ја честитам наградата на сите добитници и посакувам понатамошна успешна соработка на членовите на Бизнис Елита 40 ” – истакна Славе Билјан, управителот на ДПТУ БИЛЈАНОВИ ДОО – Струга на Гала вечерта во Huis Bartolotti, Aмстердам на церемонијата за доделувањето на престижната награда Business Elite’s „40 under 40“.