Славe Билјан има месна индустрија за преработка на месни производи. Од мала семејна фирма, нивната компанија прераснува во препознатлив бренд, а производите се дистрибуираат низ целата држава. Од 2012 година досега, два пати користеле средства од ИПАРД програмата, за технолошка модернизација и за отстранување на тесните грла во производство.

„Навистина е тежок патот за добивање на тие средства, да се пополни аликацијата и сето пропратно, но кога ќе одлучиме да аплицираме на некој повик за ИПАРД, тогаш сета енергија ја насочуваме за таа цел. Треба посебно да се внимава на секој детаљ од апликацијата и барањето за исплата на финансиската поддршка како и на роковите утврдени во договорот за АФПЗР“, изјави Билјан.

Радио слободна европа