Основна мисија на Месната индустрија БИЛЈАНОВИ е преку пласман на производи со врвен квалитет да се задоволат преференциите на потрошувачите.
Основна визија е брендот БИЛЈАНОВИ да стане пошта препознатлив по врвниот квалитет на месните производи.
- Портфолио
Месната индустрија БИЛЈАНОВИ ДОО е основана во 2012 година од семејството со најстара месарска традиција во Струга започната од Коста Билјан во втората половина на XIX век.
Основна дејност на Месната индустрија Билјанови е преработка и конзервирање на месо, односно производство на полутрајни и свежи меснати производи. Во производната програма на Месната индустрија БИЛЈАНОВИ има преку 50 производи, како чадени месни производи, барени колбаси, виршли, салами, како и свежи и маринирани месни производи, од свинско, јунешко и пилешко месо. Во состав на месната индустрија е и Месарата БИЛЈАН, во која покрај готовите производи, се продава и свежо месо. - Интерес за вклученост во проектот
Предностите кои ги нудат овие обуки би биле од исклучителна важност за градење капацитетите и вештините на вработените. Аплицирањето и имплементирањето на резултатите од меѓународните ЕУ проекти позитивно влијаат не само за вклученоста на поедини компании, но и за вклученоста на македонската бизнис заедница, воопшто во европските текови и настани. Значаен предизвик за учество во проектот е и големото искуство и подготвеноста на партнерот во проектот CEIPIEMONTE S.C.P.A – Торино, Италија да организира размена на искуства и склучување на партнерства помеѓу македонски и италијански компании. Имајќи во предвид дека Италија е земја со високо развиена месна индустрија, воспоставувањето на контакт со италијанска компанија за размена на know-how е од особено значење. - Очекувања/Идни планови за развој
Месната индустрија БИЛЈАНОВИ планира во наредниот период да ја интензивира својата проектна активност во насока на модернизација и воведување на нови производи.